Утринава е облачно, освен на крајниот исток и е претежно тивко. На запад почнаа врнежи кои во Охрид се од дожд, а на Лазарополе, Маврово и Пожаране од снег.
Ќе се задржи претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините само од снег. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет. Наутро и претпладне ќе има магла по котлините. Попладне ветерот на запад повремено ќе биде со умерен интензитет. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9 степени.
Од утре до недела се очекува стабилно време со поголема облачност на западот и со значително затоплување, особено на повисоките места и на планините што ќе предизвика топење на снежната покривка. По котлините ќе има услови за појава на магла и ниска облачност. Од недела следува неколкудневен период со позитивни утрински температури.