Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и кон крајот на денот. На планините над 1400 мнв ќе има врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во текот на ноќта во источните делови од земјава. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во следните два дена (до четврток) ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините (над 1400 мнв) од снег.
Денес во текот на ноќта и утре преку денот врнежите ќе бидат пообилни во источните делови, а локално ќе наврнат над 30л/м 2 дожд. Во западните делови врнежите ќе бидат послаби и поретки и ќе има повеќе сончеви периоди.
Во четврток висината на снежната граница ќе се спушти до околу 1000 мнв, но врнежите ќе бидат главно со послаб интензитет.
Од петок до недела се очекува стабилно време и значително затоплување, особено на повисоките места и на планините што ќе услови топење на снежната покривка.