Преку ноќта и утрово во поголем дел од земјава времето беше променливо облачно, а по котлините магливо и постудено. На повисоките места дува слаб ветер од променлив правец.
Во текот на денот, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно, претпладне со подолги сончеви периоди и со магла по одделни котлини. Попладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег, повремено врнежите ќе имаат обилен карактер.
Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират и во останатите делови, но ќе имаат послаб карактер. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време, со услови за слаб дожд во попладневните часови. Максималната дневна температура ќе достигне 5 степени целзиусови.
Во следните денови времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат со променлив интензитет, пообилни ќе бидат претежно во источните делови. Поради заладувањето во четврток врнежите на повисоките и на некои пониски места ќе преминат во снег. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла.