Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од снег, кои околу пладне ќе засилуваат. Повеќе врнежи ќе има во западните и северните делови од земјава, каде снежната покривка дополнително ќе се зголеми за 10 до 20 см, а на планините и за над 20 см, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
На крајниот југоисток врнежите ќе бидат мешани од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од -2 до 3 степени.
Во Куманово и околината утринава во 8 часот е измерена снежна покривка од осум сантиметри, додека на повисоките места истата е поголема.
Од петок до недела времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури и со услови за магла по котлините.