Египетското Министерство за антиквитети во земјата врати илегално криумчарен артефакт од Велика Британија.
Во изјата на министерството се наведува дека станува збор за релјеф со фараонот Аменхотепа Први, вториот владетел од осмата династија, и дека тој бил изложен во аукциска куќа во Лондон, пренесува АП.
Исто така се наведува дека релјефот првобитно бил изложен во музеј на отворено во древниот храм Карнак во градот Луксор, меѓутоа не било кажано како артефактот бил прокриумчарен од земјата.
Од министерството додаваат дека артефактот е доставен до египетската амбасада во Лондон во септември минатата година.
Египет драстично ги засили напорите во последните години да се спречи трговијата со нивните антиквитети.
Ги предупреди сите странски музеи дека нема да им помогне во приредувањето изложби за древните египетски локалитети, освен ако не ги вратат криумчарените предмети, пренесува агенцијата.