Кубанците од утре ќе можат да пристапат на интернет преку мобилен

Сподели со своите пријатели

Кубанците од утре ќе можат да пристапат до интернет преку своите мобилни телефони, соопшти државната телекомуникациска компанија „Етецса“ означувајќи пресврт во таа земја чија конектираност долго беше најмала во Западната хемисфера.

Скоро половина од 11,2 милиони жители на Куба имаат мобилни телефони, но не сите можат да си дозволат мобилен интернет, јавува РОјтерс.

Во информативната тв емисија емитувана во вторник, директорот на „Етецса“ објави разни едномесечни пакети, започнувајќи од 600МВ по цена од седум долари до пакет од 4GB за 30 долари. Доколку корисникот не сака пакет, 100МВ ќе го чинат 10 долари.

Таа цена нема да можат да си ја приуштат многу Кубанци затоа што просечната плата во оваа држава изнесува 30 долари месечно и многу луѓе се ослонуваат на дознаки од роднини од странство или работат дополнително за да го засилат семејниот буџет.

Кубанец измисли нов начин на ферментација на виното – со кондоми (видео)

Loading...

Куба значително заостанува зад поголемиот дел од земјите кога во прашање е пристапот до интернет, како поради недостаток на готовина, така и поради долгогодишните трговски санкции од САД и загриженоста за проток на информации.

До 2013. година интернетот им бил достапен само на луѓето во туристичките хотели на островот. Меѓутоа, влада од тогаш зголемувањето на поврзаноста го означи како приоритет, воведувајќи сајбер-кафулиња и пунктови за „Wi-Fi“ приспат на отворен простор, започнувајќи полека да ги приклучува домаќинствата на интернет.

Кубанскиот претседател Мигел Дијас Канел, кој во април го наследи Раул Кастро на таа функција, заговара поголема поврзаност на земјата истакнувајќи го потенцијалот на интернетот за растот на економијата, како и можноста Куба подобро да ја брани својата револуција онлајн.

Тој во октомври отвори профил на Твитер, во што го следеа бројни државни функционери, додава британската агенција.

Leave a Reply