49 минути по положениот возачки испит му ја одзеле дозволата

Сподели со своите пријатели

Осумнаесетгодишен Германец не успеал ниту еден час да ја задржи својата возачка дозвола, затоа што полицајците му ја одзеле 49 минути по испитот поради пребрзо возење.

По враќањето од положениот возачки испит, германскиот тинејџер го стопирала полицијата на градот Хемер, затоа што измериле дека возел двојно побрзо од дозволеното.

Во зона каде максималната дозволена брзина е 50 километри на час, новопечениот возач возел 95 километри на час.

Не знаела дека е слепа се додека не изразила желба за возачка дозвола

Loading...

– Некои работи се вечни, а некои траат еден час, напишала германската полиција во соопштението. Момчето со себе имало уште четири пријатели во автомобилот, па полицајците мислеле дека се обидел да ги импресионира со своите возачки способности.

Официјално му е забрането да вози четири недели, но германските полицајци истакнуваат дека возачката дозвола може да ја добие назат дури по скапото повторување на часовите за возење.

Освен тоа, ќе мора да плати и 200 евра казна, на возачката дозвола (кога ќе му ја вратат) ќе има два поени, а неговиот пробен возачки период како нов возач е продолжен од две на четири години.

Leave a Reply