Амбасадорот на Европската унија Самуел Жбогар денеска и официјално го прими признанието почесен граѓанин на Општина Куманово кое се доделува по повод Денот на ослободувањето на градот „11 Ноември“.
Жбогар оваа признание го добива поради својата поддршка преку реализација на повеќе инфраструктурни проекти, значајни за подобрување на квалитетот на животот на кумановци, но и неговата поддршка за унапредување на демократските процеси во градот Куманово.
Меѓу проектите кои се подржани со средства од ЕУ и со поддршка на амбасадорот е и изградбата и реконструкцијата на канализациската мрежа во Куманово, како и повеќе инфраструктурни проекти, реконструкции на училишта во Куманово.