Мистеријата за тоа како точно се градени пирамидите изгеда, барем делумно е разрешена со случајно откривање на рампа која служела за кревање на огромните камени блокови на локалитетот на древниот египетски каменолом.
Експертите откриле натписи на рампа со скали и серија дупки во кои веруваат дека се наоѓале столбови, што укажува дека огромните камени блокови, користени за изградба на еден од седумте чуда на античкиот свет, се пренесувани и поставувани многу побргу отколку што се мислело претходно.
Loading...
И покрај тоа што теоријата дека древните Египќани користеле рампи за да ги поместуваат блоковите не е нова, структурата која ја пронашол англиско-француски истражувачки тим, од период кога е градена Големата пирамида во Гиза, значително е пострмна од она што се мислело дека е можно за тоа време.
Веруваат дека скалите и столбовите со двете страни на рампата овозможувале работниците да влечат и туркаат терен од поголема далечина, наспроти тоа да го влечат зад себе. Тимот смета дека така работниците испод можеле да ги туркаат камените блокови, додека од друга страна две групи истовремено влечеле со јажиња кои би оделе околу столбовите.
Што се крие под Москва? Мистерија од ходници, цел подземен моќен свет
Со тоа целата работа е направена побргу од што се мислело претходно, но и таману се барал исклучителен напор и голем број луѓе.
– Системот кој го пронајдовме овозможувал на поголем број луѓе истовремено да влечат и да туркаат, со што би можеле да примант поголам сила и побргу да ги поместуваат блоковите, рекол за Гардијан, Роналд Енмарч, египтолог на Универзитетот во Ливерпул, кој заедно со својот тим го направил откритието.