Русија во рамките на својата лунарна програма планира да направи долготрајна база на површината на природниот сателит на Земјата и да ја изучува Месечината со помош на аватар роботи, изјавил директорот на „Роскосмос“ Дмитриј Рогозин за „Спутник“.
– Се работи за изградба на долготрајна база. Секако, не за живот, туку за посета. Но, во основа, тоа е пронаоѓање на роботизирани системи, на аватри кои ќе ги решаваат проблемите на површината на Месечината, објаснил Рогозин.
Тој истакнал дека оваа задача е поамбициозна и поодроговорна за онаа со која се соочува САД за време на нивната лунарна програма во 60те и 70 те години.
Истражувања со години: Какви тајни се откриени на Марс? (видео)