Предвремено родено бебе, чие срце не чукало цели 22 минути, сега го прослави својот прв роденден, а лекарите кои го лекувале малиот борец го нарекуваат чудо.
Лејси Шериф е бебе родено во 27. недела што предизвикало по раѓањето да тежи само 635 грама. Слабо и болно, Лејси на пет дена старост се соочило со срцев застој, при итна хирушка интервенција. Иако и родителите и лекарите првин стравувале за нејзиниот живот, денес стручни хирурзи од Сент Џорџ болницата во Лондон, кои го изведувале лекување, прогнозираат дека ќе успее да развие нормален живот.
Веднаш по раѓањето со царски рез, на Лејси и бил дијагностициран некротизирачки ентероколитис, што барало итна интервенција на лекарите. Иако била премногу слаба и мала, била дел од комплициран хирушки зафат, што довело до ситуација нејзиното срце да престане да чука во два наврати.
Loading...
Првиот срцев застој траел 12 минути, по што срцевите отчукувања се стабилизирале, за да потоа следува срцев застој во траење од 10 минути. Овој несекојдневен случај бил вистинско изненадување и за лекарите, па навеле дека ова е единствен пример дека толку слаби и болни бебиња, на момент и мртви, чудно се опоравуваат, без последици во вид на мозочни оштетувања.
По операцијата, состојбата на лејси полека се подобрувала секој ден. Сепак, на возраст од 13 дена, чудото од бебе уште еднаш било оперирано, за да се решат проблемите со стома, вградена при првиот хирушки зафат.
Лејси во болница минала 111 дена, но лекувањето, следењето и контролите на нејзината состојба продолжиле понатаму.