Бомбардирањето во текот на Втората светска војна оставило неизбежна трага во градовите ширум светот, но и во сеќавањата на луѓето кои преживеале. Последните истражувања покажаа дека најдеструктивното разорување во историјата, оставило трагови и во нашата атмосфера.
Во период кога долгорочниот мониторинг на околината е се поважен, научниците преминуваат на историски бази на податоци за да пронајдат трагови за решвање на денешните научни загонетки, пишува Бизнис Инсајдер.
Еден таков скап податок претставува и единствениот запис на јоносферат ана Земјата – електрифицирано порачје на горната атмосфера на нашата планета, кој Истражувачката радио станица (Radio Research Station – RRS) внимателно го снимала од 1933. година наваму во близина на британскиот град Слау.
Го спасил од логор во Втората светска војна, а сега повторно се сретнаа (видео)
Научниците на RRS ја набљудувале јоносферата, која тогаш била од витално значење за далечинските радио комуниакции. Јоносферата релфектира краткобранов радиус и овозможува сигналот да се пренесува на голема одалеченост. Забележале дека густината на јоносферата е исклучително променета, па од таа причина поставиле станица за набљудување за да пронајдат обрасци на тие варијабилности.
Податоците кои ги забележала британската истражувачка станица, довеле до откритија дека разорувањето за време на Втората светсна војна оставило големи последици во нашата атмосфера. Оваа војна била сведок на експлозивни трки во вооружувањето, која кулминирала во својата најекстремна форма, користење на атомски бомби.
Сепак, најдеструктивната енергија и натаму доаѓа од конвенционалнот оружје. Алијансата исфрлила повеќе од 2,75 милиони тони ТНТ, што е еквивалентно на 185 Хирошими.

Четиримоторниот бомбардер Ланкастер, кој можел да понесе 11 тони терет, испорачал повеќе бомби отколку било кој друг авион во Втората светска војна. Во бомбардирањето не страдале само одредени цели, туку цели градови.
Британскиот RAF и американските воздухопловни сили фрлиле 42.500 тони висок експлозив само во Берлин, плус 26.000 тони запаливи бомби. Директните удари уништувале цели станбени блокови.
Податоците за промените во јоносферата кои ги собирал RRS се чуваат во Центарот за поадтоци за соланрниот систем во Велика Британија, во Рутерфорд Еплтон лабораторијата.
Живее сама во сибирска шума, за Втората светска војна никогаш не слушнала (видео)

