Тажната судбина на црвените лондонски говорници

Сподели со своите пријатели

Црвените телефонски говорници, кои станаа симбол на Лондон, во британската престолнина за прв пат беа претставени во дваесеттите години од минатиот век за да и најсиромашните имаат пристап до телефон. Прашањето е до кога ќе биде така, затоа што, за жал, денес говорниците никому не му се потребни.

Во Лондон се отвора ресторан за голи гости

Поради порастот на бројот на корисници на мобилната технологија, малкумина се оние на кои им се потребни говорниците. Тоа довело до ситуација истите да бидат во многу лоша состојба.

Група лондонци, за среќа, одлучиле да ги поправат.

 

– Токму затоа што говорниците се наш заштитен знак тие не смеат да бидат валкани и прекриени со графити. Си помослив зошто да не ги исчистиме. Откако видов една во многу лоша состојба се чувствував како да сум видела постар роднина кој трпи болка, вели Емили која со пријателите тргнала во акција за чистење.

За жал, можеби ниту тоа нема да биде доволно да ги спасат затоа што сите имаат мобилни телефони, ширум британската престолнина поставени се улични телефони со пристап до интернет кои лесно се користат и што е најважно, бесплатни се.

Некои од омилените стари говорници се огласени за продажба, а некои се претворени во библиотеки или ги изнајмуваат локални продавачи.

Leave a Reply