КОЛКУ ЧИНИ ЖИВОТОТ ВО ГЕРМАНИЈА? Камионџија ги пресмета трошоците (ВИДЕО)
On:
Сподели со своите пријатели
Германија е една од земјите која е очајна за работници. Се бараат експерти од различни профили, а луѓето таму одат без многу размислување, знаејќи дека платите се доста поголеми од тука. Меѓутоа, многумина не знаат колку навистина изнесуваат трошоците за живот таму.
Покрај поголемите плати, познато е дека и киријата е поскапа, а храната поевтина од тука.
Меѓутоа, колкави се комплетните трошоци за живот во Германија е тешко да се утврди.
Хрватот Дамир Ленарт (43) во детална видео снимка ги наброја сите трошоци за живот на своето семејство во таа држава.
Ленарт инаку е камионџија кој во Германија заминал кон крајот на 2016. гдоина, за да ја подобри својата финансиска состојба.
Живее во градот Баден-Баден и се вработил во фирма како професионален возач.
Набргу по него во Германија заминала и неговата сопруга, која работи во складиштето во истата фирма.
Дамир е познат по тоа што редовно на Јутјуб објавува видео снимки од Германија, како и сите потребни информации за животот во оваа земја.
Така од него можете да дознаете како да пронајдете стан во Германија, како да купите автомобил, да се информирате за здравството, школството…
Откако многумина не верувале колкави се трошоците за живот во Германија, Дамир додал и снимка од договор за наем на стан, за оние кои „велат дека Дамир лаже“.