Чекорејќи по модните писти на Париз, Њујорк и Милано во најскапа облека која може да се купи, изгледа како манекенките да го живеат својот сон. Но, зад тој свет на гламур и патување се крие и фактот дека многу од нив заработуваат за „џепарлак“ и дека со агенциите се обврзани со договори.
– За тоа е невозможно да се зборува затоа што во оваа индустрија луѓето сакаат да работат само со „успешни“ девојки. Тоа е најлошото, открива 26-годишната Клара која се фотографирала за списанието „Vogue“ и носела ревии за Прада.
Таа манекенка со адреса во Лондон е во големи долгови кон своите агенции во Њујорк и Париз,а прифатила за агенцијата АФП да зборува за замката во која влегле таа и нејзините колешки само ако во текстот и се промени името, стравувајќи дека повеќе никогаш нема да добие работа.
Манекенки со три дојки ја оставија без текст публиката на модна ревија во Милана (ФОТО)
Останатите модели откриле дека често им се плаќа во облека и чантички и дека фотографирањата за модните списанија „скоро никогаш не им се платени“.
„Model Law“, група за права на манекенките основата оваа година во Париз, тврди дека долговите и се поголемо табу од сексуалното вознемирување кое излегло во јавноста по формирањето на движењето #MeToo.
Коосновачката на организацијата Екатерина Ожиганова, манекенка со редовен ангажман на париските писти, вели дека е време да се стави крај на годините злоставување, сомнителни пракси и кршење на законот за работа.
Клара, која со манекенство започнала да се заминава уште во училиште, раскажува како во текот на совјата прва париска недела на модата, агенцијата на располагање и ставила автомобил за да пристигнува на кастинзи.
– Дури подоцна сфатив дека за возачот плаќам 300 евра дневно. Потпишав договор кој до крајот на неделата ме доведе до долг од три илјади евра. Потоа работев на њујокршката недела на модата. Секој модел од другата страна на океанот таму пристига во долгови затоа што работната виза е премногу скапа. Потоа престојувате во „стан за модели“ кој агенцијата ви го наплаќа 50 долари дневно, а собата ја делите со уште три лица. Кога започнаа аудициите баш многу се разболев и пропуштив голем дел од нив, па завршив со долг од осум илјади долари. Се уште им долгувам на своите агенции во Париз и Њуројк иако во меѓувреме објавив многу работи за нив. На пример, бев дел од голема ревија во Париз која плаќаше по 1.100 евра, од кои добив само 400. А ниту тие пари не ги видов затоа што ми беа одземени поради долгот, открила таа.
МОДНА РЕВИЈА ВО САУДИСКА АРАБИЈА: Облеката ја носат дронови (ВИДЕО)

