Во хаварираната јапонска нуклеарна електрана „Фукушима“ се уште се наоѓа поголема количина на радиоактивна вода, соопштуваат јапонските власти.
Таа вода се уште не е доволно прочистена и потребно е дополнително третирање за да може да биде испуштена во океанот.
Застрашувачки снимки од уништената нуклеарка во Фукушима (видео)
Loading...
Третирањето на водата би можело да ги отстрани сите радиоактивни честички освен тритиум кој, како што велат експертите, е безбеден во мали количеста, наведува компанијата за електрична енергија од Токио (TEPCO).
Истражувањата утврдиле дека водата се уште содржи други елементи. Повеќе од 80 отсто од 900.000 тони вода во постројбата, складирана во контејнери, содржи радиоактивност чие ниво ги надминува дозволените граници.
Компанијата навела дека ќе продолжи со понатамошното третирање на водата за да не дојде до штета врз околината, пренесува АП.
Експертите се уште расправаат за тоа што да направат со водата затоа што рибарите и жителите се противат на нејзиното испуштање во океанот.
Ова е морско чудовиште – резултатот е изложеноста на радијација од Фукушима
При силен земјотрес и цунами кои ја погодија Јапонија во март 2011. година, тешко е оштетена нуклеарната електрана „Фукушима“, каде дошто до топење на јадрото на реакторот и течење на радиоактивен материјал.