Научниците потврдија дека необичен фосил со овална форма кој го пронашле пред неколку години, всушност е најстариот познат животински фосил. Тоа откритие е вистински „свет грал“ во палеонтологијата.
Имено, со децении меѓу научниците се води дебата за потеклото на Дикинсонија, која на Земјата живеела пред 558 милиони години, во времето на Едиакаран.
Се смета дека фосилите од тој период се први големи, јајцевидни, но толку различни од било што живо денес, поради што нивното точно потекло останало мистерија до ден денес.
Докази за еволуцијата на видовите што можете да ги најдете на вашето тело (видео)
Претходно се сметало дека Дикинсонија можеби била габа или голема амеба. Меѓутоа, новите истражувања на руските научници го откриле нејзиното вистинско потекло и ја означило како едно од првите животни.
Фосилот бил толку сочуван што кога научниците го дупчеле, во него пронашле траги на холестерол, вид на масти кои јасно го покажуваат животинското потекло.
– Молекулот на фосилните масти кои ги пронајдовме покажуваат дека животните биле големи и богати пред 558 милиони години. Милиони години порано од што се мислело, рекол професор Џокен Брокс од австралискиот Национален универзитет.
This weird ribbed oval, known as Dickinsonia, is the oldest known animal. Scientists confirmed its identity by *checks notes* looking at 558-MILLION-YEAR-OLD molecules preserved in its fossils. https://t.co/Vh2pHEkDkM
— Ed Yong is not here (@edyong209) September 20, 2018

