„Amazon go“ планира до 2021. година да отвори 3.000 проданици без благајни и продавачи, во коу купувачите влегуваат и купуваат со помош на апликацијата на мобилниот телефон, а со цел да привлечат нови купувачи во своите мини-маркети и сендвичари, објави Блумберг.
Извршниот директор Џеф Безос работи на тоа да пронајде најдобар формат за тој скап зафат, додава Блумберг, повикувајќи се на неименувани упатни извори.
Новиот „Amazon go“ продажен центар ќе може да бидат мини маркети со свежо зготвена храна и со некои намирници. Втората можност се штандови.
Агресвоното и скапо ширење на Амазон би можело да ги загрози продавниците кои работат нон стоп и сендвичарите, семејните пицерии и мобилната достава на такоси, напоменува агенцијата.
За компанијата се предизвик високите трошоци при отворањето на секоја продавница. Првиот „Amazon go“ во Сиетел чинел милион долари само за хардвер.
„Amazon go“ првата продавница без благајна ја отвори во близина на седиштето, во Сиетел во 2016. година.
Во меѓувреме најави уште две такви продавници во истиот град и во Чикаго.
„Amazon go“ функционира така шти купувачите влегуваат со помош на апликација на мобилен телефон по скенирање на истиот влегуваат и бираат помеѓу салата, сендвичи, пијалаци и грицки. Потоа заминува од продавницата, не запирајќи се на благајната.
Безос за еден час заработува 11 милиони, а неговите работници 12 долари

