Легализирана марихуаната во ЈАР, но може да се употребува само дома

Сподели со своите пријатели

Највишиот суд во Јужноафриканската република го легализираше правото на возрасните да употребуваат канабис на приватен имот, пренесува ВВС.

Одлуката за легализација и одгледување на марихуана за приватна употреба е донесена едногласно. Меѓутоа, Јужноафриканската влада се спротивстави на легализацијата, со тврдење дека дрогата е штетна за здравјето на луѓето.

Се започнало кога тројца корисници на марихуана се соочиле со судење поради употреба на истата. Се бранеле со тврдење дека тоа претставува ограничување на слободата на нивниот избор и навлегува во нивниот приватен живот.

Три мајки за прв пат пробуваат марихуана (видео)

– Доколку возрасно лице користи или одгледува марихуана во приватни цели, тоа нема да биде прекршок, се наведува во одлуката на судот. Незаконски е да се користи канабис во јавноста и да се продава и дистрибуира.

Советот за развој на канабис ја поздрави одлукатата на Уставниот суд и ја повика Владата да ги отфрли обвиненијата против лицата кај кои била пронајдена дрогата.

Канабисот се нарекува „дагга“ во Јужна Африка.

Оваа пресуда е потсетник дека уставот на ЈАР е еден од најлибералните во светот и дека поддржува поединечни права, а во овој случај, право на одгледување и пушење на сопствена марихуана.

Полицијата запалила марихуана, а ветерот го „напушил“ целиот град (видео)

Одлуката на Уставниот суд приоритет дава на прашањето на приватноста и правата на лицето во сопствената куќа да прават што сакаат.

Leave a Reply