На руската социјална мрежа ВКонтакте, неодамна е оргнизирано онлајн натпреварување за изборна „Мис Хитлер“, а меѓу финалистките се нашле девојки од Германија, Русија, Италија и САД.
Администраторите на страницата која го организирала натпреварување, ги повикале други неонацисти да се приклучат во гласањето и така да ја изберат победничката која била „радикална и фанатична за Хитлер“.
АРИЕВСКА РАСА: Децата од тајниот проект на Хитлер се уште се живи
Сепак, и покрај големата посветеност на организаторите, победничката не била избрана, а страницата била отстранета од сајтот, затоа што „повикувала на насилство“.
Профилите на одредени девојки кои се пријавиле за натпреварувањето, вклучувајќи „Miss Edelveiss“ и „Miss Eva Braun“, се уште се активни.

Инаку, на фотографиите можат да се видат девојки кои позираат во нацистички фустани и со книгата „Мајн Кампф“ алудирајќи на добропознатиот поздрав на Хитлер.
Страницата имала неколку илјади прегледи и над 500 гласови пред да биде затворена, а натпреварувањето започнало на 1. септември.
Организаторите на натпреварувањето рекле дека нивната цел е „промовирање на културата на Хитлер, потикнување на интеракција помеѓу членовите на Хитлеровата заедница, прикажување на убавината на Хитлеровата култура и заштита и одбрана на жените“.
Именикот на Хитлер продаден на аукција за неверојатни 33.000 фунти
Откако е свртено вниманието на натпреварувањето „Miss Hitler“, ВКонтакте ја изгасна страницата и издаде соопштение во кое го осудува говорот на омраза.
– Заедницата е блокирана поради кршењето на нашите правила. ВК не толерира повик на насилство, националистичка или екстремистичка пропаганда, рекол портпаролот.

Инаку, натпреварувањето за „Мис Хитлер“ организирано е и пред четири години на оваа социјлна мрежа, но ниту тогаш не го дочека крајот.
https://www.facebook.com/atul.gosalia.58/videos/2206946472918057/

