ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: Престанува производството на легендарната „Буба“
On:
Сподели со своите пријатели
Германскиот „Фолксваген“ ќе престане да ја произведува култната „буба“, од кои првата излегла во далечната 1938 година. Произведувачот на автомобилите соопштил дека наместо тоа ќе се фокусираат на теренски и електрични возила.
Компанијата одлучила да го прекине производството во фабриката во Мексико, но не пред во јули следата година да ги претстави двете последни изданија „Final Edition SE“ и “Final Edition „SEL“. Ќе бидат достапни како купе и кабриолет.
– Губењето на „буба“ по три генерации и седум децении ќе разбуди бројни емоции кај љубителите на овој автомобил, рекол директорот на американскиот „Фолксваген“, Хинрих Воебкен.
Автомобилот првично е дизајниран во 30те години од минатиот век во Германија како економичен автомобил за широки маси. По Втората светска војна станал исклучително популарен ширум светот, а особено кај младите.
За популарноста допринел и филмот на Дизни „The Love Bug“ од 1968 година, а истата година „Фолксваген“ продал над 423.000 примероци во САД.
Автомобилот станал икона на хипи движењето и контракултурата во текот на шеесеттите години, но полека во текот на 70те започува да опаѓа, за да во 1978. година „Фолксваген“ се откаже од производството на „буба“ ширум светот освен во фабриките во Мексико и Бразил.
Сепак, германскиот произведувач се обиде да го оживее култниот автомобил со редизајн во 1998 година. Новата „буба“ најмногу ги привлече женските возачи.
И покрај прекинувањето на производството, во „Фолксваген“ оставаат отворена можност возилото да се врати некогаш во иднината.