Атлантида не потонала, ја затрупале силни ветрови од Сахара (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Мистериозната геолошка појава околу Сахара, која е видлива од вселената, се наоѓа на подрачјето на денешната Мавританија. Претставува кружна формација, а има радиус од дури 40 километри, додека внатрешниот обрач или круг има радиус од 23 километри.

Според „Брајт Инсајт“, сетоа ова совршено се поклопува со описот на Платон за Атлантида. На љубителите на теориите на заговори многу ќе им се допадне новото тврдење.

Мрачни тајни на проколнатото гратче во Европа: За шест години 79 самоубиства (ФОТО+ВИДЕО)

Екипата од Јутјуб каналот Bright Insight, смета дека идеално се поклопува се она што грчкиот филозоф Платон го напишал за Атлантида околу 360 година пред новата ера со геолошката формација Ришат, односно „окото на Сахара“.

Поради својата големина, окото на Сахара откриено е други во времето на вселенските летови, кога необичната појава на Земјата ја фотографирале астронаутите.

 

 

Оваа геолошка појава е поприлична мистерија. Најпрвин се мислело дека се работи за кратер, но најверојатно окото е резултат на поместувањето на континентот уште пред 100 милиони години, сметаат научниците.

Од друга страна, митот за Атлантида е постар од делата на Платон. Наводно информациите за своите тврдења ги добил од големиот атински политичар и песник Солон, кој никогаш до крај не успеал да го истражи феноменот на изгубената Атлантида, но неговите записи биле сочувани, па по некои 300 години до нив дошол и Платон.

Атлантида наводно била цивилизаицја како ниту една друга, а во грчката митологија се споменува како богат и напреден остров и тоа многу пред тогашното време. На островот живееле моќни луѓе кои владееле со неверојатно и необјасниво напредна технологија.

Пронајден ѓердан на Титаник кој крие уште потажна приказна од онаа на филмот (видео)

За жал, големата и позната Атлантида наводно исчезнала во само еден ден како последица на катастрофален и разорен земјотрес или огромно цунами кое однело се пред себе.

Во митологијата се зборува дека тоа е дело на самиот Посејдон, кого од некои причини жителите на Атлантида многу го налутиле.

Новата теорија за пронаоѓањето на Атлантида не е потврдена ниту истражена, како и бројни други претходно.

Leave a Reply