Рок групата Ван Гог вечерва се специјални гости на „Hangout Music Festival“ во Куманово. Се е подготвено за нивниот настап, кој се очекува да започне околу 23 часот, по настапите на Игор Џамбазов и Гуру Харе Бенд, Нокаут и ДНК.
Ние ја посетивме денешната тонска проба на Ван Гог и ја искористивме можноста да поразговараме со фронтменот Џуле Џукиќ, кој ни откри и дел од плановите на групата, но и неговите впечатоци од настапите пред македонската публика.
КМ: Изминатиот период имавме можност да ве гледаме и слушаме во другите градови, вечерва сте во Куманово. Што можат да очекуваат кумановци?
Џуле: Чест ни е што сме вечерва во Куманово и сме дел од Хенгаут фестивалот, по 15 години повторно во Куманово екипата организира нешто. Сакаме да доаѓаме во Македонија и кога свириме тука, а вечерва публиката ќе добие посебна сет листа од Ван Гог.
КМ: Дали на листата ќе се најде некоја македонска песна?
Џуле: Македонско девојче или Ангеле мој брату? Што преферирате изберете, ние ќе дадеме се себе.
КМ: На што работите сега што може да очекува вашата публика?
Џуле: По навистина концертното лето и сериозната турнеја која ја имавме, Ван Гог во меѓувреме заврши со новиот 10ти по ред студиски албум и верувам дека некаде есенва публиката ќе ја израдуваме со нов албум, кој ќе биде полуд од било кога.
КМ: Како е да се настапува пред македонската публика?
Џуле: Ватрена публика, захтевна. Публика која не се преправа и во секој град сме доживеале прием кој е тешко да се прераскаже. Го паметиме секој концерт во Македонија и навистина се радуваме на темпераментот на кумановската публика. Вечерва сме во Куманово, на 21ви сме во Штип и некако ќе биде тоа изнедување за публика, а кој знае можеби и вечерва ќе отсвириме некој нов албум.