Официјално денеска Собранието на Република Македонија ја започнува кампањата за референдумот за ратификација на договорот со Грција, кој треба да се одржи на 30 септември.
Вкупно 71 пратеник ќе бидат вклучени во капмањата со средствата кои ги добиваат од државниот буџет. Средствата кои нема да се потрошат ќе бидат вратени.
Во кампањата со државни пари нема да учествува само опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Прашањето на референдумот ќе биде „Дали се за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот меѓу Македонија и Грција“ и истиот ќе биде консултативен, односно одлуката на крајот повторно ќе треба да ја донесе власта.