Боја која нема да ја видите на ниту едно знаме во светот

Сподели со своите пријатели

Знамињата на државите имаат најразлични бои, украсени со секакви елементи, како орли, ѕвезди, змееви. Меѓутоа, ако добро ги познавате боите и грбовите, сигурно сте забележале една работа, а тоа е дека на ниту едно знаме нема виолетова боја.

Причината лежи во тоа што, меѓу другото, виолетовата боја во минатото била многу скапа. Во старите времиња таа се добивала од посебен вид морски полжави од Медитеранот. Биле потребни над 10.000 полжави за само еден грам боја.

Затоа оваа боја ја ценеле колку и златото, пишува порталот Quora.com. Виолетовата боја, во поголемиот дел од случаите, ја поврзувале со кралските семејства, затоа што само тие имале услови да ја носат.

Британски комичар ги исмева знамињата на светските земји: Еве што напиша за Македонија (фото)

Loading...

Кралицата Елизабета во 16. век наредила виолетовата боја да смеа да ја носат само членовите на кралското семејство и никој освен нив. Меѓута, оваа боја понекогаш била скапа и за самите владетели.

Римскиот император Аурелие и забранил на својата сопруга да купи свилен виолетов шал, затоа што само една флашичка од виолетовата боја чинела три златни полуги, што денес би било околу 50.000 ера.

Престижниот статус на виолетовата боја се губи дури во 1856. година кога студент на британскиот универзитет, Вилијам Хенри Перкин, обидувајќи се да пронајде лек за маларија, случајно открил начин како да се произведе синтетичка виолетова боја.

Бидејќи нејзиното производство значително било олеснето, виолетовата боја стана достапна за сите, па не изненадува факто дека се појавува на мал број знамиња формирани околу 1900. година.

Leave a Reply