Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, попладне и во ноќните часови ќе има услови за ќе краткотраен пороен дожд со ретки грмежи, особено во крајните северни планински делови.
Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималните температури ќе се движат од 10 до 19, а максималните ќе бидат во интервал од 25 до 32 степени.
Во Куманово и околината во текот на денешниот ден ќе имаме сончево до умерено облачно време, а во попладневните часови се очекуваат и услови за врнежи од дожд проследени со грмотевици. Максималната дневна температура ќе достигне 25 степени целзиусови.
Во следните денови ќе преовладува претежно сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северозападен ветер, што ќе предизвика опаѓање на температурата за неколку степени.
В сабота кон крајот на денот и в недела ќе има зголемување на облачноста, која ќс биде проследена со локален пороен дожд и грмежи.