Автомобил горел на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Патничко моторно возило вчера било запалено на Граничниот премин „Табановце“, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Петмина пожарникари со едно противпожарно возило ја гаснеле „Шкодата“ во период од 18:05 до 18:40 часот.

Претходно пожар имало и во атарот на селото Табановце, каде горела сува трева во период од 13:25 до 14:40 часот. Огнот го гаснеле тројца пожарникари од Територијалната противпожарна единица Куманово.

Leave a Reply