Димитриевски донираше прибор за социјални ранливи семејства

Сподели со своите пријатели

Во рамки на проектот за социјална помош која што ја дава општина Куманово денеска градоначалникот Максим Димитриевски посети неколку семејства од социјален ризик во ромската населба Средорек каде донираше училишен прибор.

 

Loading...

 

Димитриевски на учениците им посака да работат и да постигнуваат добри резултати во училиштата, а нивните родители да ги направат среќни. Воедно упати апел до ромската заедница да се едуцираат и да одат на училиште.

– Со постигнување на повисоко ниво на образование секако се постигнува поголем успех за заедницата, општината и државата. Како што знаете општината има социјален пакет и во него опфаќа некаде околу 1000 граѓани. На кои им помагаме да ја платат сметката за вода за комунални давачки а исто така излегуваме во пресред и со еднократна парична помош два пати во годината на најтешките социјално загорозени случаи како и со друга помош со лекување, изјави градоначалникот Димитриевски.

 

 

Како што додаде првиот човек на Општина Куманово, Македонија е на евроатлантскиот пат и во рамките на образованиот процес, па затоа учениците треба да бидат еднакви со нивните врсници од земјите на Европската унија.

Leave a Reply