Денеска сончево и топло, утре обилни врнежи од дожд

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне, особено на западот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, минималните температури ќе се движат од 11 до 19, а максималните дневни ќе бидат во интервал од 29 до 36 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време, со максимални 32 степени целзиусови.

До недела се уште ќе се задржи топлото време. Утре во попладневните часови претежно на запад ќе има појава на локален пороен дожд и грмежи.

Позначителна промена на времето ќе има од недела попладне, преку ноќта и во понеделник кога во поголем дел од земјава ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен северен ветер, а локално се можни и поинтензивни процеси во форма на невреме.

Во понеделник и вторник дневна температура ќе опадне за шест до осум степени, а оваа промена особено ќе се почувствува на северот и на повисоките места. Потоа температурата ќе е во пораст.

Leave a Reply