Министерството за труд и социјална политика денеска соопшти дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија, 28 август 2018 година (вторник), Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица, е неработен ден за граѓаните од православна верисповед во Република Македонија.
Истовремено во соопштението, Министерството за труд и социјална политика им го честита празникот Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) на граѓаните од православна верисповед во Република Македонија.