Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од источен правец.
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, попладне во северозападните планински предели ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.
Минималната температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 29 до 37 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно и топло време. Максималната дневна температура ќе изнесува 32 степени целзиусови.
Во следните денови ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи, а во сабота услови за нестабилност ќе има на повеќе места.
Позначителна промена на времето, како што додаваат од УХМР, се очекува од недела кон крајот на денот и во понеделник кога во поголем дел од земјава ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен ветер.