10 особини на животните за кои веројатно не сте знаеле

Сподели со своите пријатели

Многу особини би сакале да „наследиме“ од нашите домашни миленици. Тие се пожртвувани, секогаш расположени, скромни, а на мал знак внимание искрено се радуваат.

  1. Морските коњи се моногамни животни. Тие избираат пар и целиот живот го минуваат заедно. Една љубов за цел живот!

  2. Кравите имаат најдобри другарки. Верувале или не, и кравите имаат најдобра другарка и доживуваат стрес кога ќе ги разделат, тврдат научниците.

  3. Видрите се држат за „раце“ кога спијат. Едноставно, се обидуваат да спречат во сон да отпловат и така да се разделат.

  4. Пингвините ги просат своите избранички така што им предаваат претходно внимателно избрен камен.

  5. Експертите велат дека кутрињата мажјаци за време на игра, ги пуштаат женките да победат за да им покажат наклонетост.

  6. Мајмуните ценат рамноправност и се залагаат за „иста плата“. Кога друг мајмун ќе добие поголема наградата за иста извршена работа, мајмунот кој бил „оштетен“ станува вознемирен.

  7. Се верува дека слоновите се животни кои покажуваат најголем степен на емпатија, и тоа не само кон својот вид туку и кон сите живи суштества.

  8. Дивото африканско куче негува длабоко почитување кон постарите и болни припадници на чопорот и внимателно се грижи за нив.

  9. По мирисот на своето слонче, мајката успева во својата ментална мапа, како во компјутер, да спакува информации каде тоа се игра или каде е сокриено.

  10. Дабровите се најверните животни. Во изградбата на куќата, бранењето и негувањето на младенчињата учествуваат двајцата родители, а „љубовта“ ја пронаоѓаат само во случај на смрт на партнерот.

Leave a Reply