И покрај неверојатните достигнувања во астрономијата, архитектурата и математиката, класичната ера на цивилизацијата на Маите доживеала колапс пред околу 1.000 години.
Историчарите долго се сомневаат дека причината за нивнотно исчензнување е сушата, но доказите за тие тврдења не биле доволно јасни.
Современата софистицирана техника, не само што ја потврдила таа теорија, туку дала и прилично прецизни мерки за сушата која владеела во тоа време.
Езерото Чичанканаб, на полуостровот Јукатан, се наошало доволно близу центарот на мајанската цивлизација што можело да пружи прецизни податоци за климата во таа регија.

Кон средината на деведесеттите забележани се промени во однос на тешките и полесни изотопи на кислород во школките на дното на езерото, па тие покажале дека последните години од класичниот период на Маите биле релативно суви.
Сепак, мерењата во тој период не можеле да укажат на тоа колку тоа време навистина било усшно во однос на претходните или подоцнежните периоди.
Дали климатските промени навистина биле толкус илни да ја срушат цивилизацијата која имала најнапреден систем на пишување и била во состојба да изгради величенствени градови?
Студијата објавена во магазинот „Сајенс“ дава одговор на тоа прашање и покажува дека климата на Централна Америка во тој период драматично се промени, но се уште не знаеме зошто.
Студент на Универзитетот Кембриџ Николас Еванс измерил изотопи на кислород и водород во молекулите на водата, заробени во наслагите на гипс кои биле собрани при дупчење на дното од езерото.
Еванс и неговите колеги заклучиле дека дошло до намалување на годишната количина на врнежи помеѓу 41 и 54 отсто во тоа водено подрачје на езерото и тоа во текот на неколку подолги периоди во рок од 400 години.
Влажноста на воздујот опаднала за два до седум одство, што можеби звучи скромно, но навистина имало важно влијание на испарувањето.
Тоа резултирало со драстични псоледици врз земјоделското производство, а во текот на најекстремните години било и полошо. Малку од цивилизациите во тоа време имала доволни залихи на храна за да преживее нешто такво, па изгледа дека ниту градовите на Маите не биле исклучот.


