Правилата кои им се наметнуваат на авионските патници секоја година се повеќе стануваат строги и побројни, но мора да се почитуваат од безбедносни причини.
И безбедносните проверки и претреси стануваат се подетални, а може да се случи и наизглед без никаква посебна причина, да ве издвојат за дополнителни претреси. А еве кои причини најчесто претставуваат сигнал за аеродромскиот персонал да претставувате потенцијална безбедносна закана.
Невкусни шени чии теми се бомби и тероризам
На поголемиот дел од луѓето им е јасно дека ова не се теми со кои треба да се шегува, но постојат и такви кои едностано не можат да се воздржат, а да не ја видат реакцијат ана цаирнскиот службеник на аеродромот кога на жега ќе му соопштат дека немаат ништо да пријават освен бомба. Било кваква шега со бомби, оружје, тероризам или било какво насилство во најдобар случај ќе резултира со повеќечасовни испитувања поради кои скоро сигурно ќе го пропуштите летот. Фразата „само се шегував“ тогаш нема да ви значи ништо.
Луѓе со брада и патници кои патуваат сами
Патници кои патуваат сами ќе бидат набљудувани внимателно од аеордромскиот персонал, а истото важи и за оние со брада.
Критикување на скенерите за контрола и службениците на аеродромот
Ова особено е случај на американските аеродроми. Секоја гласна критика, повишен тон или коментар во врска со процесот на проверка ве квалификува за дополнителни проверки.
Кафе
Поголеми количини кафе во багажот веднаш ќе привлечат внимание, бидејќи криумчарите на дрога мирисот на кафе го користат за да го замаскираат мирисот на дрога, за да полициските службеници не ги откријат. Доколку се враќате од одмор на дестинација позната по одгледување на кафе, не грижете се и слободно понесете помала количина дома, но не претерувајте, инаку може да ви се случи претрес на целото тело.
Аеродром пронајде решение за една од најнепријатните ситуации