25.01.2018 23:58

Аеродром пронајде решение за една од најнепријатните ситуации


Сте подготвиле свршувачки прстен и сте го спакувале со сотанатите работи за незаборавно патување со вашата сакана личност? Сепак, алармот на аеродромот започнува да пишти затоа што не е дозволено со себе да имате метален предмет. Изненадувањето е расипано.

Ова е еден од најопасните аеродроми во светот (фото+видео)

Аеродромот во Источен Мидлендс во Велика Британија смислил одличен начин за избегнување на овој кошмар од сценарио – направиле „таен код“ за сите оние кои планираат да ги израдуваат своите партнери.

Отворен „Најбескорисниот аеродром во светот“: Вложиле 330 милиони, а не можело да се слета!

loading...

Се што е потребно е патниците да го повикаат аеродромот пред патувањето, за да добијат код.

Тој потоа им се соопштува на работниците од обезбедувањето, а патниците со прстенот одат во посебен ред, каде нема да бидат изложени на погледот на саканата личност.

Овој човек 30 дена ќе живее на аеродромот во Хелсинки (видео)

– Беше голема штета кога некој детално го испланирал своето романтично патување, а неговото изненадување беше откриено уште пред полетувањето. Секако има поромантични места за запросување од нашиот аеродром, па така одлучивме на тие луѓе да им излеземе во пресрет. Сакаме нашите муштерии да бидат задоволни и да ни се вратат, изјавил Метју Кини, директор на обезбедувањето на аеродромот „Ист Мидлендс“.

На следната страница прочитајте ШТО КОГА ДРЖАВАТА Е ПРЕМАЛА ЗА АЕРОДРОМ, КАКО МОНАКО ИЛИ ВАТИКАН?


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!
1 of 2

Последни наслови

Facebook Comments