На својата фарма пронашол дел од статуа – Државата ќе му исплати 773.000 евра

Сподели со своите пријатели

Германскиот суд пресуди дека властите мора да платат 773.000 евра на фармер кој во 2009. година на својот имот пронашол глава на бронзен коњ од времето на старите Римјани.

Главата е дел од статуата на римскиот цар Август кој археолозите ја пронашле во Лахнау на западот на Германија.

Германската држава Хесе првин на фармерот му исплатила 48.000 евра.

ЧУДО: Од статуа на Дева Марија потекоа солзи што мирисаат на рози (ВИДЕО)

Loading...

Окружниот суд во Лимбург соопштил дека според законот од 2009. година фармерот има право на надокната во износ од половина од вредноста, која е проценеа на околу 1,6 милиони евра. Исто така фармерот ќе има право на камата.

На пресудата постои и право на жалба.

Leave a Reply