ЧУДО: Од статуа на Дева Марија потекоа солзи што мирисаат на рози (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Верниците веруваат дека присуствувале на чудо  кога на миса во католичка црква статуата на Дева Марија започнала да плаче. И не само што плачела, туку нејзините солзи мирисале на рози.

Оваа чудо, како што го нарекле, први го забележале верници кои во недела биле на миса во црквата Госпа Гваделупе во Ново Мексико.

Пасторот на црквата рекол дека вниманието му го свртел некој верник, а потоа видел луѓе како ги бришат солзите на статуата на Девица Марија, но дека таа и натаму продолжувала да плаче, пишува Дејли Мејл.

– Тогаш видов дека таа навистина плаче. Мислам дека ова е потсетник да бидеме поблиску до Бога и престанеме да бидеме насилни, рекол пастор отец Хоце Пепе Сегура.

 

Loading...

 

Верниците се сигурни дека присуствувале на чудо, а според нивните зборови солзите на Дева Марија мирисале на рози. Во црквата дошле верници од цело Ново Мексико за да го видат чудото.

Питер Мекдоналд рекол дека неговите пет деца отсустувале од училиште за да ја видат Богородица како плаче.

– Неверојатен благослов е да се биде тука и да се гледа оваа чудо, ова е нереално, изјавил тој.

Солзите на Дева Марија биле испратени на тестирање, а црквата била затворена додека надлежните собирале примероци.

Тие исто така ќе ја испитаат статуата и сите сведоци и ќе истражат како настанала. Овој процес би можел да трае со години. Без оглед до какви резултати дојдат надлежните, верниците веруваат дека присуствувале на чудо.

Црквата ќе биде отворена се додека верниците доаѓаат да ја видат статуата која плаче.

Leave a Reply