Дожд и грмежи во попладневните часови, од утре пад на температурите

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно, од пладне како и пoпладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен северозападен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Локално се можни поинтензивни процеси, особено во западните и јужните делови. Минималните температури ќе се движат од од 12 до 21, а дневната максимална температура на воздухот ќе биде во интервалот од 28 до 35 степени.

Во Куманово и околината во текот на денот ќе имаме сончево до умерено облачно време, со умерен ветер од северен односно северозападен правец. Во попладневните часови можна е изолирана појава на грмежи и врнежи, додека максималната дневна температура се очекува да достигне 28 степени целзиусови.

Од денеска следува период на променливо и нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а локално се можни и поинтензивни процеси. Ќе дува засилен северозападен ветер, па дневната температура од утре значително ќе се намали.

Leave a Reply