Колку често и колку долго треба да го шетаме своето куче, е често прашање на сопствениците кои штотуку набавиле домашен миленик. Експертите сметаат ека таа потреба исклучиво зависи од расата на кучето.
Имено, некои кучиња имаат потреба да истрчаат и со нив да минувате и по час до два дневно на воздух, додека некои се помалку захтевни и потребната количина за вежбање ја обавуваат дома. Покрај расата на сатницата за шетање исто така влијае староста, дождот, топлината и карактерот на вашето куче.
Ако имате мало кутре потребата за излегување и прошетки е се почеста. За да кучето го научите нуждата да ја обавува надвор во почетокот е важно да го водите во прошетка на секои четири часа.

Така прошетките би требало да траат кратко, најмногу 10 минути, а една од нив нека биде од 20 минути до половина час. Сепак, не претерувајте со активностите и вежбањето кај многу млади кучиња. Затоа што и претерувањето во активностите, макар тоа било одење по скали, може да му наштети на развојот на кучето.
Освен телесни повреди кучето може да стане претерано раздразнето, захтевно, па дури и агресивно, наведуваат експертите. Пред да наполни година дена не треба да оди на долги прошетки од час време. Возразните можат да шетаат 2 до 3 пати дневно. Не изведувајте ги само поради обавување нужда, туку и поради физичка активност, добра форма, здравје, дружење и игра со другите кучиња, дружење со сопственикот.
Трепки од 12 сантиметри и 83-годишен билдер во Гинисовата книга на рекорди (видео)

