Што би требало да јадете ако премногу се потите?

Сподели со своите пријатели

Во време на високи температури скоро и да нема некој што не се поти пообилно. Нутриционистот Рик Хеј открива начин како да го разладите телото со намирници и течноци.

хеј советува внесување на витамин Б, затоа што тој го намалува стресот кој доведува до зголемено потење, како и намалување на консумација на алкохол и кофеин. Исто така, треба да се зема лесна храна и овошје, како што се грозјеи лубеница, за кои е потребен помал напор за варење.

– Б витаминот регулира хормони и го држи нивото на стрес под контрола. Често кога се потиме сме нервозни поради потта и „дамки“ кои се создаваат на облеката. Тогаш уште повеќе се зголемува температурата на нашето тело, па стануваме анксиозни и поподложни на стрес. Сето тоа доведува до засилено потење, вели Хеј.

За што може да биде симптом ноќното потење?

Loading...

Б витаминот тука има клучна улога, затоа што го поврзува ендокриниот и нервниот систем кои имаат важна улога во реакцијата на стресот. Кога сме под стрес тој хормон работи засилено. Неколку студии покажале дека витамините Б6, Б9 и Б12 помагаат при регулација на нивото на стрес.

Магнезиумот истотака е „борец“ против засилено потење, затоа што ако немаме доволно магнезиум и калциум тогаш нервите губат контрола над отварањето и затварањето на порите низ кои излегува потта. Магнезиумот помага организмот да се навикне на дневниот стрес.

– Кога се потиме губиме доста магнезиум. Тога доведува до засилено потење, па потребно е да се надокнади. Јадете темно зелен зеленчук, ореви и семки за да го надокнадите магнезиумот, а јајца на око и пивски квасец за витамин Б. Тие се доби за вашиот нервен систем и помагаат во регулацијата на потењето, рекол Хеј.

Науката открива дека најдобро е да се има деца на 35-годишна возраст

На жените во менопауза им се препорачува користење на растителна шисандра, која регулира ноќно потење.

Јадете овошје и зеленчук за ужина. Уживајте во лубеница, грозје, диња, но и краставици, целер и ротквици.

Не потценувајте ја моќта на жалфијата која го решава овој проблем со години. Таа е природен извор на флавоноид и полифенол што ја прави голем антиоксиданс и антибактериско средство.

Leave a Reply