За што може да биде симптом ноќното потење?

Сподели со своите пријатели

Потењето е нормален процес во организмот, кој му помага на телото да се олади, да се ослободи од токсините и од некои метаболити. Тоа се случува кога сме активни во текот на денот. Во ноќта организмот работи условно кажано на “бавни брзини”. Некои процеси се исклучени или одложени, додека телото “почива”. Затоа потење во текот на ноќта не би требало да има, освен ако температурата на просторијата не е премногу висока.

Ноќното потење може да е симптом, кој укажува за некои сериозни здравствени проблеми. Кои се тие?

Кардиоваскуларни заболувања

Луѓето со повисок кардиоваскуларни ризик имаат познати манифестации на ноќно потење. Тоа го покажува истражувањето од 2014 година, објавено во International Journal of Obstetrics and Gynecology. Според резултатите луѓето кои страдаат од кардиоваскуларни болести доживуваат често ноќно потење, стегање во градите,  непријатност за време на спиењето, отежнато дишење.

Сигнал за инфекција

Кога телото се бори со некоја внатрешна инфекција, температурата се покачува, а потните жлезди реагираат, за да го изладат. Тоа предизвикува потење во текот на ноќта, што на прв поглед изгледа неразумно.

Може да страдате од генетска мутација

Друго истражување поврзано со менопаузата покажува дека кај некои жени постои одредена генетска мутација која ги контролира хормоните одговорни за потењето.

Можно е да страдате од болест на тироидната жлезда

Loading...

Тироидната жлезда исто така е одговорна за контролата на уринарниот систем и метаболизмот. Страдалниците на намалена функција на тироидната жлезда или хипотироидизам доживуваат епизоди на ноќно потење.

Причината може да е во некој лек

Некои лекови можат да предизвикаат несакани ефекти, од кои еден е ноќното потење. Меѓу нив се хормонални таблети, таблети за лекување на различни видови на рак, апчиња за контрола на дијабетес и други.

Имате автоимуна болест

Некои болести на имунолошкиот систем, исто така можат да предизвикаат ноќно потење. Меѓу нив се лупус, ревматоиден артритис, целијачна болест.

Рак

Некои видови на рак можат да предизвикаат слични симптоми. Лимфом, на пример, е меѓу оние сорти на најстрашната болест, предизвикува ноќно потење.

Loading...