Нуркачот Верн Ансворт понудата за помош на 12те дечиња од Тајланд, на мултимилијардерот Илон Маск ја нарече обичен медиумски трик.
Маст на на тајландските спасувачи им донесе мини подморница дизајнирана за извлекување на момчињата, но се испоставило дека е неупотреблива во дадените околности. Некои на социјалните мрежи го пофалија напорот на милијардерот, но мноугмина го обвинија за самопромоција.
Шефот на мисијата открива како беа спасени момчињата од Тајланд? (ВИДЕО)
Loading...
– Може да си ја напика себе си таа подморница каде најмногу го боли. Немаше шанси тоа да работи. Тој нема претстава каков е преминот низ пештерата. Подморницата е дола околу шест стапки (нешко помалку од два метри) и крута, не би можела да мине низ кривините како пречка. Не би ги поминала ниту првите 50 метри во пештерата. Обичен ПР трик, револтирано рекол спасувачот Верн Ансворт за CNN.
https://youtu.be/1TmjpIkVDrU
Маск во недела на Твитер објави дека ќе сними видео со кое ќе докаже дека неговата мини подморница би била успешна за спасување и додал: „Жал ми е педофилу, но тоа го бараше“.
Elon Musk attacks diving expert who helped rescue Thai boys as "pedo guy" https://t.co/SCKnbtZE60 pic.twitter.com/H91cYEu6IV
— The Hill (@thehill) July 15, 2018
Кеви Бомон забележува дека „Маск нарекува педофил човек кој ги пронашол момчињата“, а милијардерот му одговара: „Се обложувам во потпишан долар дека тоа е вистина“.
Следуваат жестоки критики, во дискусијата се вклучуваат бројни учесници и го грдат и навредуваат Маск затоа што опасно и неодговорно на интернет изнесува сериозни обвиненија.
Маск подоцна ги избришал своите објави, но Ансворт вели дека размислува да го тужи.
– Шокиран сум и гневен. Ме нарече педофил. Мислам дека луѓето сфаќаат каков човек е тој, рекол Ансворт за Гардијан.
A British caver who played a pivotal role in the rescue of the young Thai footballers is considering legal action against Elon Musk for smearing his character on Twitter https://t.co/qXFFFClYUo
— The Times and The Sunday Times (@thetimes) July 16, 2018
Маск претходно на Твитер навреди уште еден критичар затоа што неговата идеја за подморницата ја нарекол „апсурдна“.
– Следи ме и понатаму кретену, напишал Маск во објавата која во меѓувреме исто така ја избришал.