За некои трагичар, за други херој: Кој е тренерот на тајландските момчиња кои се заробени во пештерата?

Сподели со своите пријатели

Тренерот на младинскиот фудбалски тим од Тајланд кој веќе 15 дена е заробен во пештера на северот на државата е 25-годишниот Екапол Чантавонг, познат и под прекарот Аке.

Додека едни го сметаат за главен виновник што момчињата се заробени во пештерата, родителите на момчињата, го доживуваат како херој.

Мислењето за него е поделено, некои го обвинуваат за водството на дечињата во пештарата, додека други велат дека работи најдобро во дадените околности.

 

Loading...

 

Американските медиуми пренесуваат дека во САД тој би бил соочен со низа обвиненија, па дури и кривични пријави, додека на Тајланд го гледаат како херој. Кога групата е пронајдена, на нуркачот рекле дека тренерот бил најслаб во групата затоа што одбивал да јаде било каква храна, давајќи им ја на децата.

Во рачно напишано писмо, тој се извини на родителите на момчињата, од кои некои рекоа дека не го обвинуваат.

Тој на родителите им напиша: „Драги родители, сите деца се добро. Тука има луѓе кои навистина добро се грижат за нив. Ветувам дека ќе се грижам за децата најдобро што можам. Ви благодарам на поддршката. Навистина ми е жал“.

Родителите бргу одговорија и тоа позитивно.

„Почитуван тренеру Аке, ние, како родители на фудбалскиот тим веруваме во тебе и твојот дух и дека добро водиш грижа за нашите деца. Само сакаме да знаеш дека не е твоја вината. Сите тука не те обвинуваме и само скааме да не се обвинуваш себе. Сите разбираме што се случило и тука сме да ви дадеме поддршка. Ја цениме твојата поддршка и грижа за нашите деца“.

Leave a Reply