Откриена тајната на Стоунхенџ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Познатиот британски геолог Хербарт Хенри Томас во 1923. година објави темелна студија за Стоунхенџ, тврдејќи дека пронашол прецизни точки на кои праисториските луѓе ги ископале камењата. Меѓутоа, со анализата имало еден проблем, била погрешна.

На геолозите им требале околу 80 години за да тоа го исправат, па се објавува нова студија.

– Во најдобар случај, Томас бил заборавен и неуреден, но во најлош бил погрешен, изјавил истражувачот Роб Иксер, геолог на Универзитетот о Лестер и почесен научен соработник на Институтот за археологија при Универзитетот во Лондон, Англија.

РЕШЕНА МИСТЕРИЈАТА: Зошто пандите се црно-бели?

Loading...

Откако минале десет години проучувале разни карпи на Преселиските планини, Бевинс и Иксер сфатиле дека камењата на Стоунхенџ всушност и доаѓаат од Преселските планини, но од целосно поинакви делови на планината која Томас во почетокот ја идентификувал.

Еднаш кога сфативме дека сето тоа е погрешно, се вративме на материјалот кој го користел, размерите кои ги користел, тенките делови кои ги користел, картите и по повторно и повторно читање беше очигледно дека неговите изјави се помалку се менуваат. Томас само гледал вкупно повеќе од 20 или 30 тенки секции, додека Ричард и Јас гледавме неколку стотици од истиот материјал, вклучувајќи ги и неговите, рекол Иксер.

Тие места и натаму се северно од оние кои Томас ги предложил во својата студија во 1923. година и околу 140 милји од Стоунхенџ. Во новата студија, научниците забележале дека „Томас без сонменавања бил извонреден петрограф“, но неговата работа не била целосна, со оглед дека минал само еден ден на Пресели Хилс и собрал само 15 примероци.

Археолозите и геолозите денес користат алати со висока технологија, како рендгенски флуоресцентни спектрометри за цела геохемија карпи или техники на ласерска аблација ICP-MS за одредување на минерален состав до кои Томас во тоа време немал пристап, пишува во студијата објавена во списанието „Антиквитети“.

Leave a Reply