Кога Инстаграм во 2016. година ги активираше приказни (story) се водеа под мотото како на корисниците сакаат да им пружат место на кое ќе можат да ги објавуваат содржините без да размислуваат за тоа колку лајкови ќе соберат. По ист пат пред некое време зачекори и Фејсбук , но нивната верзија не е толку популарна. Сега одлучиле да ја свртат плочата и на приказните да им ги додадат старите добри лајкови и некои нови реакции.
На Фејсбук отсекогаш се се врти околу лајковите, а потоа и тие воведоа приказни на кои не е можно да се реагира, барем не можевте досега.
ВНИМАВАЈТЕ: Инстаграм воведе нешто што нема да ви се допадне (ФОТО)
Loading...
Приказните на Фејсбук почесто изгледаат како град на духови, за разика од оние на Инстаграм и Снепчет, иако имаат 150 милиони корисници дневно. Сега се досетиле како сепак можат да додадат свои реакции – лице кое се смее, разни изненадувања, тажни, лути и вљубени смајлиња.
Тие реакции ќе ги заменат генеричките брзи одговори во форма на емотикони кои претходно ги нудеше, а ќе додадат и две „интерактивни налепници“ пламен и насмевка кои корисниците ќе можат да ги додаваат на своите приказни. Кога пријател ќе ја допре налепницата, корисникот ќе биде известен.
на сличен начин ќе може да се започнат и групни разговори со луѓе кои ја гледале приказната. На пример, кога ќе допрете за да видите кој ја погледнал, на пописот гледачи ќе се покажат оние кои испратиле реакции или одговориле на Месинџер.
3 магични љубовни ритуали: Еве што треба да направите за да ја привлечете сродната душа
Освен тоа, Фејсбук веќе испитува и Селфи мод за приказни со опцијат Софт фокус која е слична на неодамна претставениот Инстаграм Фокус. Потоа, се поставува прашањето дали и кошлето Лајк ќе дојде на Инстаграм приказните.
Кога Снепчет ги измисли приказните (Stories), намерно го изостави кошчето Лајк затоа што тоа споредлување на содржината би ја претворило во натпевар во кој корисниците чезнеат за повратни информации и објавуваат само најпопуларни.