Самсунг секако спаѓа во најголемите играчи кога станува збор за пазарот со паметни телефони, а за да го зајакне своето присуство на одредени пазари како што е растечкиот пазар во Индија, јужнокорејската компанија токму таму ја отворила најголемата светска фабрика за производство на телефони.
Фабриката е отворена во индискиот град Ноида, а зазема простор од 141.000 квадратни метри. Објектот ќе има потенцијал да го дуплира производството на компанијата за производство на телефони. Самсунг моментално на пазарот произведува околу 60 милиони телефони, што значи дека под полн капацитет новата фабрика би можела да произведува 120 милиони мобилни телефони годишно.
Самсунг носи револуција на полето на батериите за мобилни телефони