Самсунг носи револуција на полето на батериите за мобилни телефони

Сподели со своите пријатели

Компанијата Самсунг има одобрен патент за „топка од графен“ која би можела да биде од исклучително значење за идниот развој на батериите за мобилните телефони.

Технологијата развиена од страна на SAIT (Samsung Advanced Institute of Technology) имплементира батерии со екстремно висока густина на волуменска енергија која им овозможува да траат околу 45% подолго отколку целосната генерација на батеријата.

Покрај тоа што подолго траат, новите топчиња графен овозможуваат батериите да се полнат побрзо – до пет пати побрзо во однос на актуелното време за полнење.

Ова значи дека за 12 минути, литиум-јонска батерија со топче од графен може да се наполни онолку колку на регуларната батерија и е потребно да се напочни за еден час.

Исто така, овие батерии можат да поднесат работа на температури од околу 60 степени целзиусови, што ги прави и одлични кандидати за употреба во електричните автомобили.