Еден човек преживеал пад на лифт во санбениот комплекс Коврино дистрикт во Москва, а како пренесуваат руските медиуми, за среќа не е повреден.
Во центарот за управување со кризни ситуации во Министерството за вонредни ситуации во главниот град, пријавено е дека лифтот започнал да паѓа од 40. кат, но дека се заглавил околу дваесетиот.
– Лифтот паднал од 40. на 20. кат, а човекот кој се затекнал во него во тој момент, не е повреден и сам излегол од лифтот. Го прегледале лекарите на Итната помош, а потоа бил пуштен, соопштуваат од Министерството за вонредни ситуации.
Претходно било пријавено дека инцидентот се случил во станбен комплекс „Круна на северот“.