Властите на шпанскиот град Памплона се обидуваат да ги уверат жените дека ќе бидат безбедни во текот на трката со бикови во тој град, а се погласни се и повиците за бојкон поради случај на сексуален напад на една девојка пред две години.
Фестивалот започнува во петок, а градските челници започнале кампања под името „Памплона – без сексуални напади“.
Шпанскиот суд кон почетокот на годината за сексуално вознемирување осуди петмина мажи кои во 2016 година нападнале 18-годишна девојка. Тие се ослободени од обвиненијата за силување, а во јуни се пуштени со кауција што повторно предизвика протести.
КРВАВА ЗАБАВА: Бикови трчаа и маваа луѓе низ улиците (вознемирувачко видео)

