Мосад го пронајде часовникот на израелскиот шпион – херој

Сподели со своите пријатели

Израел денеска обелодени дека разузнавачката агенција Мосад го пронашла рачниот часовник на Елиј Коен, израелски шпион кој е прогласен за национален херој, откако е погубен во Сирија пред 50 години.

Канцеларијата на премиерот Бенџамин Натнјаху соопшти дека рачниот часовник е вратен во „специјалната операција на Мосад која неодамна била спроведена“, пренесе агенцијата АП.

Како што е наведено, часовникот бил во сопственост на „непријателската држава“ и дека агентите ја потврдиле неговата автентичност.

Приведен затоа што сакал да биде агент за три тајни служби

Loading...

Часовникот, како што рекол шефот на Мосад Јоси Коен, бил дел од „фабриквуаниот арапски идентитет“ шпион-херој, а кој го носел до својата смрт.

Часовникот се наоѓа во седиштето на Мосат и ќе биде вратен на семејството на есен.

Коен се инфилтрирал во сириското раководство во раните шеесети години, а фатен е и погубен во 1965 година.

Leave a Reply